Светски куп: Омод Килде со втор триумф во Бивер Крик, а Зутер победи во Лејк Луис

111

Норвешкиот скијач Александар Омод Килде запиша втора победа во Бивер Крик, САД во рамките на Светскиот куп во алпско скијање. 30-годишниот Килде, кој минатата сезона заврши втор во генералниот пласман, финишираше со време од 1:10.73 минути во Супер-Џи што е втор едноподруго успех во Бивер Крик затоа што во саботата победи и во спустот.

Норвежанецот четврти пат во кариерата победува на оваа патека. Носителот на Големиот кристален глобус Марко Одермат (Швајцарија) остана втор со задоцнување од 20 стотинки, а победикот во Светскиот куп за 2021 година Алекси Пентиро (Франција) заврши трет со 30 стотинки послабо време од победникот.

Во женска конкуренција денеска се одржа трета трка во Лејк Луис, Канада. На програмата беше Супер-Џи, а победи Корин Зутер од Швајцарија. Таа за две стотинки беше побрза од Корнелија Хитер од Австрија. Тоа е прва победа на Зутер сезонава.

Инаку во петокот и саботата во двојната спуст програма победи Софија Гоџа од Италија.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Сенегал рамноправен 38 минути, потоа Англија зададе два удари (видео)
СледноНејмар ќе може да игра против Ј. Кореја, Жезус три месеци во “аут“!