Селекторот на Полска: Нема магичен рецепт како да се запре Мбапе

195

Селекторот на Полска Чеслав Михниевич зборуваше за поразот од Франција и елиминацијата од СП и кажа дека неговиот тим  немал одговор за Мбапе.

Се надевавме дека ќе останеме подолго. Поразени сме, го горди сме затоа што првата цел беше остварена, а тоа е да играме во осминафиналето. Светскиот шампион беше подобар. Тие создадоа убави шанси кои ги искористија. Се се промени по голот на Жиру. Тогаш Французите добија самодоверба и спокој,  кај нас притисок и стрес. Килијан Мбапе е играч на мечот. Даде два гола и игра многу добар шампионат. Како тренер можам да кажам дека нема магичен рецепт за да се спречи Мбапе“, вели Михниевич.

Најдобриот полски фудбалер Роберт Левандовски исто така зборуваше за поразот. Тој постигна и гол на мечот но само за ублажување на поразот од 3:1.

Ако гледате низ призмата на натпреварот, тогаш дадовме се од себе. Создадовме неколку шанси, особено во првото полувреме. Се боревме, се обидовме да играме, но тоа не беше доволно денеска. Постигнавме гол на крајот, што беше позитивен поттик.

Срамота е поради првиот гол. Имаше момент кога се повлековме премногу назад, што Французите го искористија. Се случува. Ќе продолжеа да се обидуваат и да постигневме гол, работите можеби ќе испаднеа поинаку. Не бевме вешти, а и немавме време да направиме нешто повеќе.

Следното Светско првенство е уште многу далеку. Неопходно е да уживате во играта, дури и во блиска иднина. “, изјави капитенот на Полска и напаѓач на Барселона.

ПретходноФС на Косово бара ФИФА да ги казни Пикси и ФС на Србија
СледноМЗТ Скопје без сили за големи нешта, со пораз се враќа од Лакташи кај Бајиќ (ФОТО)