Кој би можел да претпостави дека и во Брегалница е време на штедење. Клубот кој важи за еден од оние кои немаат проблеми со пари, за денешниот меч со Шкупи кој се игра во Кичево, замислете, во записникот пријави само 16 играчи. Единаесет во стартниот состав и само пет резерви. Познато е дека може да се пријават 11 резерви, нашите клубови вообичаено кога гоствуваат носат 18-19 и поради штедење во однос на карантинот и спиењето во хотел, но 16 да се има, е тоа навистина е чудно за клуб како што е Брегалница.
Што навистина се случува во штипскиот прволигаш?