Од лоши до ужасни вести за сите во Јувентус. Имено по остаквките на шрвите луѓе сега владее тотален хаос во клубот, а јасно е дека допрва државните власти на Италија и УЕФА ќе “удрат“ по клубот од Торино откако стана јасно дека таму се правело финансиски криминал.
Сега на ред дојде и Роналдо, и тој удира по неговиот некогашен клуб. Имено сега Португалецот си ги бара тие 20 милиони евра од кои се откажа за време на пандемијата.
Тогаш во мода беше играчите да ги прифатат молбите на клубовите за намалување на платите, но Роналдо потпишал таен договор во кој стои дека без разлика на се тие пари кога тогаш мора да му “легнат“ на неговото конто.