Пред самиот старт на дуелот од 1/8 финалето на Мудијалот во Катар вечерва помеѓу Англија и Сенегал, од таборот на Гордиот Албион доаѓа информацијата дека поради семејни причини денеска нема да настапи Рахим Стерлинг.
Подетални информации не се споделени, само куса информација дека Англија вечерва ќе мора без офанзивецот.
Секако, „Гордиот Албион“ е голем фаворит вечерва, па и покрај неиграњето на Стерлинг ќе мора да се фокусира максимално и да одработи добар меч и без него.