Англија ги скроти „Лавовите од Теранга“ и закажа четвртфинале со Франција (видео)

179

Репрезентацијата на Англија е четвртфиналист на Мундијалот во Катар откако вечерва со убедливи 3:0 го совлада Сенегал. Натпреварот во Ал Бајт имаше интересен тек, Сенегалците беа подобри во првите 38 минути имаа две прекрасни шанси кои Пикфорд ги одбрани, а потоа потонаа. Прво на асистенција на Белингам, играчот од средниот ред Џордан Хендерсон го совлада сенегалскиот голман за водство на Англија. Тоа беше само трет негов гол во дресот на Англија.

Пред крајот на првото полувреме погоди и Хари Кејн по еден контра напад. Тоа е негов 11-ти погодок за Англија на големите натпреварувања (7 на СП и 4 на ЕП).

Во второто полувреме Англичаните го контролираа мечот, добро ги одбиваа противничките играчи кои ниту еднаш не се заканија сериозно. Во 57 минута на асистенција на Фоден напаѓачот на Арсенал Букајо Сака се најде на вистинското место и ја затресе мрежата за конечни 3:0.

Англија во четвртфиналето ќе игра против Франција на 10 декември во Ал Кор.

England [1] – 0 Senegal – Jordan Henderson 39′

Dec 05, 2022

England [2] – 0 Senegal – Harry Kane 45 3′

Dec 05, 2022

England [3] – 0 Senegal – Bukayo Saka 57′

Dec 05, 2022

ПретходноНејмар ќе може да игра против Ј. Кореја, Жезус три месеци во “аут“!
СледноФС на Косово бара ФИФА да ги казни Пикси и ФС на Србија