Вигинс и Кари го уништија Хјустон, Симонс со клупски рекорд (ВИДЕО)

90

Голден Стејт дојде до 13-та победа оваа сезона, втора во низа, откако на домашен терен го совлада Хјустон со убедливи 120-101. Со 11 порази, актуелниот бранител на титулата се наоѓа на шестото место во Западната конференција, на другата страна Хјустон е претпоследен на табелата на Истокот со скор од 6/17.

Вориотс мечот го решија во првата четвртина која ја добија со 39-23, до крајот само ја одржуваа позитивата.

Вигинс со 36 поени и пет скока беше лидер кај првакот, зад него со дабл-дабл беше Кари, постигна 30 поени, а додаде уште 10 асистенции, Пул запиша 21 поен и пет скока. На другата страна Потер имаше 20 поени.

Портланд ја совлада Јута со 116-111 во одлично издание на Енферни Симонс, кој во првата четвртина постигна 23 поени, додека на одморот зад неговото име запиша 33 поени и постави клупски рекорд на постигнати поени во едно полувреме. Симонс на крајот запипа заврши со 45 поени.

Резултати: Шарлот – Милвоки 96-105, Минесота – Оклахома 128-135, Торонто – Орландо 121-108, Голден Стејт – Хјустон 120-101, Јута – Портланд 111-116.

ПретходноТајсон Фјури го претепа Чисора, па го прозва Усик: Веќе победив еден Украинец (ВИДЕО)
СледноДодека ја славеа победата на Аргентина пред стадионот, им влета Батистута (ВИДЕО)