Денеска на Мундијалот: Мбапе против Левандовски за 1/4 финале, Англија ќе се мачи со Сенегал

160

 

И денеска на програмата на СП во Катар се две осминафинални пресметки. Франција против Полска и Англија со Сенегал.

Мбапе против Левандовски, Франција против Полска за “виза“ во четвртфиналето. Јасно е дека “триколорите“ се големи фаворити на овој меч и поради својот квалитет, поради Мбапе а најмногу поради моменталната форма. Селекторот на Французите Дидие Дешамп во својот тим има огромен потенцијал, додека Полска се надева на блесок на Левандовски, но дали ќе има сила и знаење да го задржи фантастичниот Мбапе? Останува да видиме. Полјаците и не кријат дека ќе си имаат проблеми со Мбапе, тие малку на шега истакнаа дека ќе им треба скутер за да го сопрат.

На втората средба меѓу Англија и Сенегал четата на Герет Саутгејт е огромен фаворит на хартија. Англичаните имаат одличен напад, Кејн, Рашфорд, Фоден, Стерлинг, Грилиш…но затоа од другата страна ќе ја имаат квалитетната и неверојатно борбена селекција на Сенегал. Нема нималку лесно да им биде на Англичаните посебно кога се игра еден меч.

Сепак реално е Франција и Англија денеска да слават и да си закажат спектакуларно четвртфинале.

ОСМИНАФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА (16:00 Ч)

Стадион: Ал Тумана (Доха)

АНГЛИЈА – СЕНЕГАЛ (20:00 Ч)

Стадион: Ал Бајт (Ал Кор)

ПретходноПоразот од Аргентина му падна тешко, плачеше како мало дете (ВИДЕО)
СледноФИФА: Светското првенство во Катар е повеќе посетено од Мундијалот во Русија