Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако синоќа успеа да ја совлада селекцијата на Австралија со 2:1. Навивачите на „гаучосите“ знаеја како да ја прослават победата на својата селекција, а во центарот на вниманието беше легендарниот Габриел Батистута.
По мечот беше одлично расположен, па неколку фанови им ја разубави вечерта.
Додека навивачите на Аргентина снимаа видео пред стадионот, како гром од ведро небо се појави Батистута, кој почна да скока и да слави со нив.
Батистута влета во кадарот на големо изненадување на фановите, кои овој момент го објавија на „Твитер“.
Gabriel Batistuta celebrating Argentina’s win. 🇦🇷 pic.twitter.com/NTsCoVAt5F
— Roy Nemer (@RoyNemer) December 3, 2022