Захариевски: Ова е историски успех на Струга ТЛ, но тука не запираме!

582

Срѓан Захариевски уште еднаш покажа дека е одличен стратег. Ретко кој веруваше дека неговиот тим ќе дојде до есенската круна и тоа пред едни Шкендија и Шкупи кои важеа за големи фаворити.

Но, ете, тимот на Струга ТЛ на коло пред крајот на есенската полусезона ја завери круната денеска со триумф над А.Пандев.

Голем, историски успех на Струга Трим Лум. Сите што сме во клубот се заслужни за ова, но секако дека играчите заслужуваат најголеми честитки. Ретко кој веруваше дека Струга ТЛ на зимската пауза ќе оди како прва. Затоа успехот е уште поголем. Секако дека не запираме тука, знаеме што не чека во пролетниот дел. Ја победивме одличната екипа на А.Пандев, тимот на Александар Васоски денеске беше одличен, но ете ние успеавме да искористиме една шанса и да победиме. Ова за нас беше најтежоок меч оваа есен на домашен терен. Сега ни останува во недела и гостувањето кај Скопје и потоа ќе ставиме крај зна оваа супер есенска полусезона за нас“ изјави за “Спортмедиа“ стратегот на есенскиот шампион Срѓан Захариевски.

ПретходноСелфи порака од ЕСЕНСКИОТ ШАМПИОН: Многу сме ЈАКИ!
СледноЗа легендата на романскиот фудбал има само еден фаворит на СП во Катар и не е Бразил