За легендата на романскиот фудбал има само еден фаворит на СП во Катар и не е Бразил

14669

Романската фудбалска легенда Георге Хаџи изјави дека фудбалот се променил во два фундаментални аспекти кои тој ги забележал на овој Мундијал. Тој спомна и кој тим го гледа како главен фаворит, а тоа, според него, е Англија на Герет Саутгејт.

„Запомнете дека најдобрите тимови одат на Светското првенство, дури и ако разликите меѓу нив веќе не се толку големи. Сите научија да играат тактички. Во секој агол на светот, секој ја знае тактиката. Мислам дека и сестра ми знае за тактики кога станува збор за дискусија за оваа работа. Во суштина, на сите натпревари сте виделе дека се се сведува на колективната игра, потоа на квалитетот на играчот. Се разбира, физичката сила, да може да трча колку што е потребно. Да биде свеж, да се справи со ова темпо на игра, кое е многу високо. Мислам дека фудбалот овде се промени: темпото на игра и отпорот. Потоа индивидуалниот квалитет на играчот што понекогаш ја прави разликата“, вели Хаџи.

На прашањето кој е негов фаворит вели:

„Фаворит? Англија затоа што се навикнати да играат во ова време. Тие играат и мислам дека можат да постигнат многу добра форма. Ако на лето веќе беа уморни на завршниот турнир, сега овој турнир им е по мерка, а немаат победено од 1966 година“.

ПретходноЗахариевски: Ова е историски успех на Струга ТЛ, но тука не запираме!
СледноПолувреме: Франција со водство, Жиру се запиша во историјата!