Килијан Мбапе постигна два гола во победата на Франција над Полска. Франција се пласира во четвртфиналето и цели високо – на нова светска титула.
„Се уште сме далеку од целта што си ја поставивме и што јас си поставив. Ќе направиме се што е можно за да ја оствариме. Не размислувам за Златната топка. Мојата единствена цел е да го освојам Светското првенство. Тоа е мојот единствен сон – дојдов овде за да го освојам Светското првенство, а не Златната топка или титулата најдобар стрелец. Тука сум за да победам и да го водам францускиот тим“, изјави напаѓачот.
Килијан Мбапе проговори и за неговиот медиумски молк досега на првенството:
„Зошто не зборував? Тоа не беше ништо лично, немав ништо против новинарите, само морав да се концентрирам на конкуренцијата без да губам енергија за други работи. Дознав дека Француската фудбалска федерација ќе биде казнета, па се обврзувам лично да платам“, додаде тој.