Михаилов: Тешка, но и заслужена победа на Силекс во Кавадарци

491

Ако некој може слободно да се каже дека е констанста со резултатите во овогодинешниот ПМФЛ шампионат, тогаш тоа е екипата на Силекс. Кратовци очигледно дека имаат капацитет да се носат со епитетот веќе на фаворит на поедини мечеви затоа што се наоѓаат подолг период во самиот врв на табелата.

Денеска Силекс гостуваше кај Тиквеш во Кавадарци. Исклучително тежок терен и противник, но тоа не им пречеше на избраниците на Горазд Михаилов да одработат одличен меч особено во второто полувреме и да извојуваат победа од 0:2 со головите на Обадовиќ односно Ристовски.

„Честитки за играчите, за тешко извојуваната победа. Во првиот дел можам слободно да кажам дека не бев задоволен од она што го прикажавме, за да во протолжението се однесуваме сосема спротивно на терен. Од причина што на полувреме се договоривме што треба да смениме, и тоа ни успеа. Се покажа вистинска и измената со Обадовиќ кој беше клучен за пресвртот, таков е фудбалот. Тиквеш во првиот дел имаше свои шанси не ги искористи, а тоа ние го сторивме во продолжението. Доминиравме во вториот дел и мислам дека заслужено освоивме три бода многу важни за нас“ – изјави Горазд Михаилов тренерот на Силекс за Спортмедиа по денешниот дуел.

ПретходноПолувреме: Франција со водство, Жиру се запиша во историјата!
СледноГо имаме промашувањето на полусезоната, Јакупи од Шкендија не погоди празна мрежа (ВИДЕО)