Нејмар ќе може да игра против Ј. Кореја, Жезус три месеци во “аут“!

213

И добри и лоши вести за Бразил, за селекторот Тите. Имено првата ѕвезда на тимот Нејмар ќе се најде на списокот на играчи за осминафиналниот дуел против Ј. Кореја. Неговиот зглоб сега е далеку подобар и тој веќе одработи два тренинга.

Од друга страна лоши вести за Тите, а шокантни за Арсенал се тие дека Габриел Жезус ќе биде во “аут“ најмалку три месеци. Неговата повреда заработена на мечот со Камерун и не била така едноставна, се споменува и операција.

Да кажеме дека Жезус блескаше во дресот на Арсенал, во тимот кој што е лидер на табелата во Премиерлигата. Ова секако дека ќе биде голем удар за амбициите на тимот на Микел Артета.

ПретходноСветски куп: Омод Килде со втор триумф во Бивер Крик, а Зутер победи во Лејк Луис
СледноАнглија ги скроти „Лавовите од Теранга“ и закажа четвртфинале со Франција (видео)