Нотингем Форест не престанува: Бразилецот Скарпа од 1 јануари во дресот на „шумарите“

167

Преку официјално соопштение, англискиот премиерлигаш Нотингем Форест го потврди својот прв зимски трансфер. Станува збор за бразилскиот играч за врска Густаво Скарпа.

Од клубот потврдија дека Скарпа, 28-годишниот фудбалер на палмеирас, од 1 јануари 2023 година доаѓа во Англија и ќе потпише договор со клубот до јуни 2026 година.

Офанзивниот играч за врска помина четири сезони во Палмеирас со вкупно 211 настапи и 37 постигнати голови.

ПретходноМЗТ гостин кај поранешниот македонски селектор: Во Лакташи ќе се бориме до самиот крај!
СледноШокантно: Брегалница на дербито со Шкупи со само 16 играчи во записникот! (ФОТО)