Пеле со порака од болница: Гледајте го Бразил на Светско!

180

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (82) е во многу лоша здравствена состојба. Пред неколку дена бил префрлен на палијативна нега, каде што му се ублажуваат болките и му се олеснува инаку тешкото дишење, пренесуваат бразилските весници. Лекарите решиле да ја прекинат хемотерапијата бидејќи телото на Пеле повеќе не реагира на тоа.

Палијативната нега се применува на пациенти кои страдаат од неизлечиви болести кои значително го скратуваат животниот век. Целта на палијативната нега е намалување на болката и непријатните симптоми на болеста до природна смрт на пациентот. Најчесто се користи кај пациенти со рак.

Пеле кој постојано добива поддршка од фановите, се огласи на својот официјален Инстаграм:

„Мои пријатели, сакам сите да бидат мирни и позитивни. Силен сум, со надеж и се држам до мојот третман како и обично.

Сакам да му се заблагодарам на целиот медицински персонал за сета грижа и внимание што го добив. Имам многу верба во Бога и секоја порака за љубов што ја добивам ме држи полн со енергија. Гледајте го Бразил на Светското првенство!“. 

ПретходноВерстапен сака да се проба со Алонсо на „24 часа Ле Ман“
СледноТајсон Фјури го претепа Чисора, па го прозва Усик: Веќе победив еден Украинец (ВИДЕО)