ПМФЛ: Струга ТЛ со есенската КРУНА, шоу на Дориев, Шкупи со пресврт до триумф, без голови во Прилеп! (ВИДЕО)

453

 

Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 17.коло во ПМФЛ.

И официјално екипата на Струга Трим Лум е есенски шампион. Со голот на Дарко Илиески во 70.минута лидерот успеа да ја победи А. Пандев со што ја задржа предноста од +5 бодови на коло до крајот пред вториот Шкупи. Ова е историски успех на извонредниот тим на Струга Трим Лум.

Во Ѓорче екипата на Шкендија со 1:3 успеа да ја победи Македонија ЃП и да ја продлабочи кризата на тимот од Ѓорче. Уште една маестрална партија на Дориев кој беше стрелец на два гола, а имаше шанси за уште барем два гола. Добра игра на тетовци и заслужена победа.

На крајот да кажеме дека младиот Јакупи во последните секунди успеа да промаши нешто невозможно.

Шккупи реди победи. Денеска во Кичево шампионот како домаќин ја победи Брегалница иако губеше со 0:1 со голот на Херера. Сепак чаирчани со головите на Алварез, Трапановски и Ѓорѓиев успеа да победи апсолутно заслужено.

Во Прилеп домашната Победа и Скопје одиграа без голови. Гостите може да жалат зошто имаа повеќе шанси за победа, значи дербито на дното заврши без победник.

И во Кавадарци со головите на Обадовиќ и Ристовски екипата на Силекс со 0:2 славеше против домашниот Тиквеш.

Работнички во ова коло беше слободен.

РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1:3

(Скендери 52./Дориев 19., 84., Хасани 52.)

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0:0

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3:1

(Алварез 35., Трапановски 53.. Ѓорѓиев 84./Херера 25.)

СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ 1:0

(Илиески 70./)

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0:2

(/Обадовиќ 73., Ристовски 82.)

РАБОТНИЧКИ (СЛОБОДЕН)

 

No description available.

ПретходноРајковиќ ја доби и втората пресметка со Уникс на Димитријевиќ
СледноШкендија по обичај си ги победува “лавовите“…(ФОТОГАЛЕРИЈА)