Радичевиќ е најдобар стрелец во Лигата на шампиони

86

Со својот 1071 гол во Лигата на Шампионите, екс членката на Вардар, а во моментов ракометарка на Крим,интернационалката од Црна Гора, Јованка Радичевиќ, стана најдобар стрелец на сите времиња во најпрестижното клупско ракометно натпреваруање. Досега овој рекорд го држеше унгарката  Анита Горбиц.

Радичевиќ е една од најискусните активни ракометарки, цели две децении е дел од Лигата на Шампионите, па не е чудо што руши ваков тип на рекорди. Секако, дел од погодоците ги постигна и во дресот на Вардар, в златните времиња на овој наш трофеен ракометен клуб.

 

 

ПретходноХрватска против Јапонија без Борна Соса
СледноДербито на дното за Академија ФМП!