И официјално и дефинтивно, Струга Трим Лум дојде до есенската круна, стана есенски шампион во ПМФЛ за сезоната 2022/23. Стружани доминираа во текот на целата полусезона, одиграа екстра квалитетно, денеска ја победија и А. Пандев со 1:0 па така зимската пауза ќе ја минат како лидери на табелата.
Струга ТЛ стана есенски шампион на коло до крајот, а по мечот со “пандевци“ големо славје во соблекувалната и се разбира со селфи – порака:
„Многу сме ЈАКИ…“.
Честитки за историскот успех на клубот од Струга кој оваа есен едноставно беше маестрален.