ФИФА нема да го казни Џака за дресот на Јашари

478

Како што шишува британскиот таблоид „Сан“, ФИФА нема да го казни Гранит Џака за провокациите испратени кон српската репрезентација и прославата на победата во дресот на Ардон Јашари.

Џака веднаш по натпреварот изјави дека тоа што по победата го ставил дресот со број 26 и презимето Јашари на градите нема никаква врска со терористот Адем Јашари, еден од водачите на терористичката ОВК убиен во деведесеттите.

„Воопшто не беше политика. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кој одлично се согласувам. Реков дека ако постигнам гол, ќе го облечам неговиот дрес“, рече Џака.

Србите обвинија дека Џака тоа го направил свесно за да ги провоцира.

ПретходноГо навредуваа Меси, а по 12 секунди им се случи ова…. (ВИДЕО)
СледноШампионот продолжува без загубен сет, Борец убедлив против Либеро