ФИФА: Светското првенство во Катар е повеќе посетено од Мундијалот во Русија

164

Вкупната посетеност на првите 48 натпревари на Светското првенство во Катар била повеќе од 2,45 милиони гледачи, што е 96 отсто од капацитетот на стадионот, објави ФИФА.

За споредба, првата етапа од натпреварувањето пред четири години во Русија ја следеа 2,17 милиони гледачи. Најгледан меч досега на овогодинешното Светско првенство беше натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико кој на стадионот „Лусаил“ го следеа 88.966 гледачи.

„Исходот од групната фаза покажува до кој степен повеќе земји стекнале алатките за да се натпреваруваат на највисоко ниво. Ова е резултат на подобра подготовка и анализа на противниците, што исто така е одраз на подеднаков пристап до технологијата. Ова е во согласност со напорите на ФИФА да ја зголеми конкурентноста на фудбалот на глобално ниво“, изјави шефот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер.

ФИФА објави и дека повеќе од еден милион фанови го посетиле Фестивалот на навивачите во паркот Ал Бида. Јубилејниот милионити навивач е Египјанецот Хајтам Мохтар, кој како награда доби две влезници за финалето кое е закажано за 18 декември.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Мбапе против Левандовски за 1/4 финале, Англија ќе се мачи со Сенегал
СледноМЗТ гостин кај поранешниот македонски селектор: Во Лакташи ќе се бориме до самиот крај!