Франција во стил ја брани титулата, обезбеди 1/4 финале (ВИДЕО)

107

Во ек е елиминационата фаза од Мундијалот во Катар, а на него бранителот на титулата од Русија, репрезентацијата на Франција во голем стил обезбеди пласман во 1/4 финалето победувајќи ја Полска со 3:1. Со головите на Жиру, кој стана најдобар стрелец во историјата на Франција, како и двата гола на Килијан Мбапе, Триколорите во голем стил обезбедија пласман меѓу најдобрите шестанесет репрезентации на овој турнир.

Полска имаше само еден единствен момент да направи нешто повеќе на овој меч, кога во првиот дел промаши колосална шанса, поточно Лорис, односно Варан одбранија зицер, па резултатот остана 0:0. Тоа ја запали „црвената лампичка“ кај Франција, фаворитот веднаш возврати и погоди преку Жиру.

Во вториот дел, рутински ориграни педесетина минути во кој Мбапе со двојна магија покажа зошто во моментов е еден од топ петте играчи во светот. Во последните секунди од мечот, од пенал конечните 3:1 ги постави Роберт Левандовски.

ПретходноВикенд без победи за Македонците во Бундес-лига
СледноВидео по кое Меси за малку ќе се расплачеше! (ВИДЕО)