Шампионот продолжува без загубен сет, Борец убедлив против Либеро

114

Без поголеми изненадувања помина и 10. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Шампионот Струмица Никоб немаше проблеми да го реши мечот со Весна Пробиштип во своја полза по само три брзи сета, а истата судбина го снајде и тимот на Лирија кој гостуваше против второпласираниот тим на табелата, Шкендија.

Изненадувачки убедлив триумф обебзеди Борец над скопски Либеро кој одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона. Универзитет во Тетово успеа да дојде до третата сезонска победа и тоа на гостувањето кај новајлијата Петровец.

Прва лига (мажи), 10.коло

Струмица Никоб – Весна Пробиштип 3-0 (25-18, 25-15, 25-13)

ГОК Борец – Либеро  3-0 (25-21, 25-8, 25-21)

Сушево – Штип УГД   0-3 (22-25, 19-25, 16-25)

Шкендија – Лирија  3-0 (25-16, 25-15, 25-18)

Петровец – Универзитет во Тетово 1-3 (15-25, 15-25, 25-18, 15-25)

***Слободна е екипата на Македонија Џио

Табела: Струмица Никоб 9-0, Шкендија 8-1, ГОК Борец 7-2, Весна Пробиштип 6-3, Лирија 5-4, Либеро 5-4, Штип УГД 4-5, Универзитет во Тетово 3-7, Петровец 2-7, Сушево 1-8, Македонија Џио 0-9.

ПретходноФИФА нема да го казни Џака за дресот на Јашари
СледноПолувреме: Каква “БОМБА“ на Алварез, Дориев го “тресе“ Ѓорче!