Убав меч за гледање, квалитетен посебно во вториот дел, четири голови, уште многу шанси, неверојатни промашувања и на крајот 1:3 за Шкендија попладнево среде Ѓорче и тоа против Македонија ЃП. Тетовци по обичај, и по традиција, си ги победува “лавовите“, така беше и денеска. Љупче Дориев со два постигнати гола и со неколку шанси и асистенции покажа дека во овој момент е убедливо најдобриот фудбалер на Шкендија, еден од ТОП-3 во ПМФЛ оваа есен.