Бутел со победнички марш среде Прилеп!

73

Во меч од 13.коло во ракометната Суперлига, екипата на Бутел успеа со 25:33 да слави во Прилеп кај истоимениот домаќин. Со оваа победа Бутел ја завери третата позиција на табелата во групата-А, што значи дека во плеј – офот ќе пренесе еден бод. Во првиот дел се играше израменото, Прилеп имаше водство во неколку наврати, но Бутел успеа да дојде до тие 13:13 со што се замина на пауза.

Во продолжение од средбата навистина беше интересно. Домашните во еден момент имаа предност од два гола, но Бутел со серија од 0-4 успеа да направи пресврт, и во последната фаза од средбата предноста само ја зголеми за кончни 25:33.

Крстевски кај гостите постигна девет голови, додека најефикасен кај домашните беше Чантурија со шест погодици, исто толку постигна и Павлов.

ПретходноШкендија по обичај си ги победува “лавовите“…(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСелфи порака од ЕСЕНСКИОТ ШАМПИОН: Многу сме ЈАКИ!