Завршија првите полувремиња на денешните пет средби од 17.коло во ПМФЛ. Најинтересно беше во Кичево, каде по првите 45.минути Шкупи и Брегалница играат 1:1. Поведоа „сините“ со голот на Херера, за да во 35. минута Алварез со “бомба“ од 25 метри и повеќе постигна фантастичен гол.
Во Ѓорче екипата на Шкендија води со 0:1 и тоа со голот на Дориев откако одлично одиграа претходни Хасани и Шаља.
На останатите мечеви Струга ТЛ – А.Пандев, Тиквеш – Силекс нема голови, нема ни во Прилеп но гостите од Автокоманда беа подобри, имаа 3-4 зрели шанси, но не успеаја да постигнат барем еден гол.