Поради вооружена кражба, Стерлинг го пропушти мечот со Сенегал!

577

Англија против Сенегал настапи без својот офанзивец Рахим Стерлинг, кој заминал за Лондон, откако тоа го дозволил селекторот Герет Саутгејт. Причината за напуштањето на Доха според англиските медиуми е вооружен напад во домот на фудбалерот и тоа додека во него биле негови блиски членови на семејството..

„Речиси се што е вредно што им паднало во рака исчезнало во куќата. Се чини дека грабежот бил добро испланиран“, пишуваат тамошните медиуми.

Засега нема други информации, не е познато дали тој ќе се врати во Катар.

ПретходноПетровиќ: Одбраната во првото полувреме беше шуплива како сирење!
СледноМбапе: Франција ќе биде казнета поради мојата одлука – јас ќе платам!