Тајсон Фјури јВБЦа одбрани титулата светски шампион на WBC во тешка категорија. По неполни десет рунди борба во која целосно доминираше, Фјури го совлада Дерек Чисора. Тој го принуди судијата да влезе во десеттата рунда и да ја прекине борбата за да го спаси Чисора од тешка повреда.
Фјури доминираше од самиот почеток и ја победуваше секоја рунда, беше многу блиску да го нокаутира. Сепак, во секој од тие моменти крајот на рундата беше блиску и Чисора беше спасен од ѕвончето.
Utter domination 😤@Tyson_Fury | #FuryChisora pic.twitter.com/bQ55GwEm4u
— Top Rank Boxing (@trboxing) December 3, 2022
Ова беше 34-та борба во кариерата на Тајсон Фјури, а сега има 33 победи и едно реми. Совршениот сооднос му го расипува ремито со Деонтеј Вајлдер од борбата одржана на почетокот на декември 2018. Во неговите следни две борби со Вајлдер, тој победи во седмата рунда и со нокаут во 11-тата.
🍔 @Tyson_Fury and @DerekWarChisora share a Five Guys after their fight.#FuryChisora pic.twitter.com/emhjiTFGxU
— Frank Warren (@FrankWarren) December 4, 2022
Фјури веднаш по победата го повика Усик, Украинецот се искачи на рингот, а Фјури со микрофон во раката влезе во неговото лицето.
„Ти победи бодибилдер (Џошуа), но јас не сум бодибилдер. Веќе му обработив еден Украинец Кличко, а ќе ти изработам и тебе“, рече Фјури во својата низа на прозивки.
FURY AND USYK FACE OFF! 🤯#FuryChisora pic.twitter.com/T7hgrqekEA
— Boxing on BT Sport 🥊 (@BTSportBoxing) December 3, 2022