Магична вечер за Ентони Дејвис: Испорача 55 поени во мрежата на Вашингтон (ВИДЕО)

116

Ентони Дејвис, уште еднаш беше незапирлив. ЛА Лејкерс по очајниот старт влезе во ритам, го совлада Вашингтон со 130-119 во неверојатна партија на центарот. Дејвис постигна 55 поени со 22/30 од поле, на својот скор додаде 17 скока, а беше непогрешлив од линијта за слободни фрлања.

Во последните два меча постигна 99 поени, претходно имаше 44 поени против Милвоки. Дејвис игра како во своите најдобри денови во последните недели и урива рекорди. Така тој сега стана првиот играч на Лејкерс по Коби Брајант со последователни натпревари со повеќе од 40 поени и прв по Шекил О’Нил кој исто така забележа повеќе од 10 скока. Ова беше 19-ти таков натпревар во неговата кариера, а од 1985 година само Шек имаше толку многу.

Тој, исто така, стана првиот играч во НБА по Патрик Јуинг во 1990 година со најмалку 50 поени, 15 скока, три блокади и 70 проценти шут од поле.

Леброн Џејмс ја одигра стандардната партија, зад своето име запиша 29 поени, осум скока и шест асистенции. На другата страна Кристапс Порзингис имаше 27 поени и 9 скока.

Лејкерси остануваат на 12 место во Западната конференција со скор од 10 победи и 12 порази.

Резултати: Бруклин – Бостон 92-103, Детроит – Мемфис 112-122, Њујорк – Кливленд 92-81, Сакраменто – Чикаго 110-101, Вашингтон – ЛА Лејкерс 119-130, Портланд – Индијана 116-100.

ПретходноМбапе: Франција ќе биде казнета поради мојата одлука – јас ќе платам!
СледноМасовна тепачка меѓу фудбалери прекина пријателски меч