Пелистер лесно го реши Кожув!

113

Екипата на Пелистер ја оправда фаворитската улога против Кожув, пред своите навивачи славеше со 96-84 во меч од осмото коло во Првата лига. Со победата број седум ја продолжи трката за првото место на табелата.

Избраниците на Марјан Илиевски дуелот го решија во првото полувреме. Не им дозволија на гостите да се чувствуваат комотно, па првата четвртија ја решија со двоцифрени 29-17. Дуелот го отворија со 6-2, на другата страна гостите само еднаш поведоа со 6-7, по што следеше серија од 11-0, Пелистер дојде на 17-7.

На одморот Кожув имаше негатива од 55-37, не успеа да се врати во следните две четвртини.

Мустафица со 24 поени и седум скока беше лидер кај победникот, Карпентер имаше 17 поени. Гордон со 23 поени беше најдобар кај гостите.

ПретходноЕмболо: Најдобро за нас би било Португалија да игра без голман!
СледноБразилска самба во Доха, 4:0 на полувреме (ВИДЕО)