ТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Дориев “царуваше“ во Ѓорче

280

Љупчо Дориев оваа есен ја игра една од своите најдобри, ако не и најдобра, полусезона во својата кариера. И не само што постигнува голови, засега со 9 заедно со Бесарт Ибраими е прв стрелец во ПМФЛ, но исто така асистира, креира шанси за својата Шкендија. И вчера во Ѓорче против “лавовите“ беше маестрален па затоа немаше конкуренција за изборот играч на колото, барем според „Спортмедиа“.

Покрај Дориев од тимот на Шкендија во тимот на колото тука се и Бејтулаи и Хасани. Шкупи ја “скрши“ Брегалница и тоа на крилјата на Алварез и Трапановски. Струга ТЛ славеше над А. Пандев и со тоа ја завери есенска круна, Илиески со голот и Бојку беа во преден план. Тофилоски ја спаси Победа од пораз, додека Маневски и Обадовиќ беа најзаслужни за победата на Силекс во Кавадарци. Мециновиќ пак уште еднаш беше одличен во одбраната на Скопје.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЉУПЧО ДОРИЕВ
Тим: Шкендија
Роден: 13.09.1995 во Струмица
Кариера: Хоризонт Т, А. Пандев, Шкендија

 

ПретходноВуков тестираше со Омбра Рејсинг на Валелунга!
СледноЕнрике: Им дадов „домашно“ на играчите, да шутнат 1000 пенали пред Мундијалот