Бразилците за 45 минути ги решија сите дилеми во второто денешно осминафинале на Светското првенство во Катар. Дека Ј. Кореја е недораснат ривал за четата на Тите покажаа уште првите 12 минути кога Бразилците направија предност од 2:0.
Винициус Жуниор погоди во 7. минута за 1:0, а веќе во 12. минута Нејмар од пенал зголеми на 2:0. Со голот на Ришарлисон во 29. минута, „кариоките“ стигнаа и до високи 3:0 , а на пауза се замина со 4:0 со голот на Пакета во 36. минута.
Инаку, ова е само вторпат Бразил да постигне 4 гола во прво полувреме на СП, по 1954 година кога тоа го направи против Мексико.