Бројани му се деновите на Секуловски во Пелистер!

2665

По оние 2:2 со Вардар и тоа среде Битола и тоа на “Дербито на Македонија“ се чини дека и дефинитивно на Пелистер му е потребен нов стратег. Оваа есен Пелистер дома одигра три големи дербија, со Воска Спорт, Гостивар и Вардар и на ниту едно не успеа да победи и тоа благодарение на дефанзивната тактика на сегашниот тренер Марјан Секуловски. Интересно е тоа што на дел од овие мечеви, еве како со Вардар на пример, Пелистер имаше и водство, па и со два разлика, но не успеа да победи. Непотребно се повлекува назад и кога е подобар и кога победата ја има в раце што се вели.

Но, тоа поради Марјан Секуловски кој едноставно нема храброст, а со тоа и неговата екипа, да нападне, да им каже на момците дека Пелистер е голем клуб, се бори за првите две места и враќање во елитата и дека во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ фановите мора да се радуваат на победи а не на ремија, а уште полошо да тагуваат и на порази.

Како сега Пелистер напролет ќе “брка“ Прва лига кога ќе гостува и кај Вардар, и кај Гостивар и Воска Спорт, па и Беса. Како таму овој Пелистер на стратегот Секуловски ќе освојува бодови.

Пред извесно време, како што е познато токму Секуловски доби ултиматум од раководството дека на последните мечеви од есенската полусезона тимот мора да победува ако тој сака и натаму да остане на клупата на Пелистер.

Но, ете не победува, а се знае што значи тоа кога твојот тим не победува.

Одговорност мора да има. Битола и тоа како заслужува прволигаш, а со Мане на клупата тоа нема да се оствари.

ПретходноПикси во елемент: Да, загубивме, но не сме поразени!
СледноРајковиќ по најдобриот старт во историјата на ЦСКА Москва: Горд сум на моите играчи!