Денеска продолжуваат натпреварите на СП во Катар со уште две средби од осминафиналето. Засега немаше изненадувања во оваа фаза, фаворитите победуваа и се пласираа во четвртфиналето. Дали така ќе биде и денеска останува да се види, а се среќаваат Јапонија – Хрватска и Бразил – Ј. Кореја. Значи „коцкестите“ и Бразилците ќе ги одмерат силите против азиските “Тигри“.
Секако дека нема лесно да им биде, посбено на Хрватите, кои иако се најдоа во осминафиналето сепак не воодушевија досега со својот настап. Ќе треба Модриќ и компанија да одиграат многу подобро ако сакаат да го повторат успехот од минатиот Мундијал кога беа втори.
Потсетување, „Самураите“ славеа и против Германија и против Шпанија досега во Катар.
Бразил освен на првиот меч со Србија исто така не покажа којзнае што, посебно не во однос на Франција која блеска и засега е прв фаворит за титулата. И Бразил ќе мора да даде се од себе за да ја мине пречката наречена – Ј. Кореја.
Сега веќе нема калкулации за четата на селекторот Тите, секој па макар и мал кикс ќе значи враќање дома.
Сепак, секоја чест за Јапонија и Ј. Кореја, но реално е да се очекува едно фантастично четвртфинале меѓу Хрватска и Бразил.
ОСМИНАФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ЈАПОНИЈА – ХРВАТСКА (16:00 Ч)
Стадион: Ал Жануб (Ал Вакра)
БРАЗИЛ – Ј. КОРЕЈА (20:00 Ч)
Стадион: 974 (Доха)