Емболо: Најдобро за нас би било Португалија да игра без голман!

259

Напаѓачот на Швајцарија Брил Емболо изјави дека неговата репрезентација е аутсајдер во осминафиналето против Португалија. И покрај тоа тие веруваат дека можат да направат изненадување. Играчот на Монако посочи дека ќе игра против дефанзивци од светска класа.

Ние сме аутсајдери, но знаеме дека можеме да се справиме, инаку ќе си одевме дома. Имаме добар тим, вежбаме се, дури и пенали. Треба да играме добро во одбраната и да ги искористиме нашите шанси на напредните позиции. Против Бразил речиси сè тргна по наша страна, но и Португалија е многу добар тим. Имаат бранители од светска класа. Морам да се движам поинаку и да ги користам празните места. Мора да се бориме и да си помагаме. Очекувам од себе да освојам многу топки и да му донесам физичка доминација на нашиот тим на теренот, и секако да постигнам гол, сепак јас сум напаѓач. Можеме да ги поминеме“, рече Емболо.

Тој ја посочи ѕвездата Кристијано Роналдо како вистинска инспирација, но во исто време на шега одговори дека претпочита неговите противници утре да останат без голман.

Кристијано Роналдо е вистинска инспирација за мене. Како напаѓач и како фудбалер воопшто. Научив многу од него и ќе ми биде чест утре да се соочиме еден со друг на теренот. Тешко ми е да кажам дали ова е најдобрата генерација за Швајцарија во последните години. Свесни сме дека имаме талентирани и квалитетни играчи и дека имаме шанси да победиме. Кој Португалец не сакам да игра утре? Голманите! Ако не можат да играат сите тројца, тоа ќе ни биде од голема корист“, изјави напаѓачот.

ПретходноДалиќ: Никогаш не ги потценувајте Хрватите
СледноПелистер лесно го реши Кожув!