Енрике: Им дадов „домашно“ на играчите, да шутнат 1000 пенали пред Мундијалот

182

Селекторот на Шпанија Луис Енрике на секој од играчите им дал домашна работа, да извежбаат 1000 пенали пред Миндијалот затоа што е убеден дека изведувањето на пенали не се лотарија. Светските шампиони од 2010 година ќе играат против Мароко во осминафиналето, а можно е да се играат пенали на мечот. Шпанија ја победи Швајцарија на пенали на ЕП 2020, но беше елиминирана од идниот шампион Италија во полуфиналето токму преку пенал-рулетот.

Пред повеќе од една година, за време на тренинг, им реков на играчите дека на СП мора да дојдат со најмалку 1.000 изведени пенали. Се надевам дека ја завршија домашната задача. Ако чекате да дојдете овде за да изведувате пенали, тоа нема да биде доволно“, започна Енрике на својата денешна прес-конференција.

Шпанскиот стручњак инсистираше на тоа дека пеналите „не се лотарија“.

Тоа е момент на максимална напнатост, време за покажување нерви и дека можете да го изведете пеналот онака како што сте решиле ако сте го вежбале илјада пати. Тоа кажува многу за секој играч. Ова е тренинг, како да се справите со напнатоста. Тоа значи и помалку среќа – голманите имаат поголемо влијание. Имаме многу добар голман, секој од тројцата може многу добро во оваа ситуација. Секогаш кога ќе завршиме со тренинзите, гледам многу играчи кои изведуваат пенали“.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Дориев “царуваше“ во Ѓорче
СледноЛиваковиќ фати три пенали, Хрватска е во четвртфиналето на СП! (видео)