Оливие Жиру со 52 гола стана најдобар стрелец во историјата на Франција, тој го надмина легендарниот фудбалер Тиери Анри.
“Одлично е чувството, мојот детски сон беше да го надминам Анри. Горд сум на себе. Се надевам дека ќе продолжам да играм што е можно подобро. Многу луѓе ми велеа дека ќе го постигнам ова.
Рекордот сега е зад мене и сакам да продолжам да го следам тимот“, изјави Жиру.
Французите прават големи чекори кон одбрана на златото, а тоа беше последен пат во Бразил и тоа пред 60 години.
„Го продолжуваме нашето патување. Во соблекувалната кажавме што сакаме да направиме и остануваме на тоа до крај. Ние сме група пријатели и тоа се покажува. Среќен сум за тимот. Долг е патот до врвот, но ќе бидеме среќни на крајот“, заврши Жиру.