Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски по вчерашниот триумф на ИТФ-турнирот во Мадрид забележа најголем напредок во својата кариера на АТП-листата.
Ивановски направи скок од 17 позиции, на најновото рангирање кое е објавено денеска се најде на 610. место на АТП-листата. Најдобриот македонски тенисер во последните четири месеци направи напредок од 464 позиции.
На врвот на ова рангирање и натаму се наоѓа Карлос Алкараз, по што следуваат Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас.