Катарците го третираат како крал: Бекам спие во апартман вреден 23.000 евра од ноќ

3607

Големата ѕвезда на англискиот фудбал, Дејвид Бекам има имиџ на кралски гостин во Катар. Фудбалската легенда и актуелен сопственик на Интер Мајами веќе пет години е амбасадор на арапската земја, па затоа и неговите домаќини му обезбедија луксузен апартман за неговиот престој во Доха за време на Мундијалот, кој според некои проценки чини 23.000 евра од ноќ – или вкупно 150.000 евра неделно.

Апартманот се наоѓа на врвот на хотелот „Mandarin Oriental“ со 5 ѕвезди и располага со сопствена трпезарија, надворешен двор, сопствена бања, приватен базен и теретана.

„Ова е хотел во хотел и целиот персонал беше воодушевен од љубезноста и односот на Бекам. Катар сакаше да го пречека својот амбасадор на најдобар можен начин“, изјавиле извори за англиските медиуми.

Апартманот на Бекам има и свое лоби за да може да ги избегне папараците и да има целосен мир додека е во Катар.

ПретходноОдличен гест: Бразилците со поддршка за Кралот
СледноФИФА ја одби жалбата на Франција за поништениот гол на Гризман