Коментар на 17.коло: Струга ТЛ со шампионски карактер, а А. Пандев, Брегалница и Македонија ЃП си губат, и си губат, и си…

571

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Дека Струга Трим Лум е есенски шампион и не е некое изненадување. Како играа избраниците на стратегот Срѓан Захариевски цела есен логично беше на крајот да завршат и како есенски шампиони. Сега им останува уште во недела со триумф на Автокоманда да стават печат на полусезоната, на годината и на пауза да заминат во еуфорија. Јасно е дека досега ништо не е освоено, но вчера против А. Пандев стружани и дефинитивно покажаа шампионски карактер. А тоа е дека кога треба најмногу, без разлика како играш и против кого играш, е тогаш да победиш па макар и со 1:0. Така беше вчера, веројатно на некои средби така ќе биде и напролет.

Оваа Струга Трим Лум има квалитет, има амбиции, не и препотентност да дојде до титулата во мај. Се разбира дека се ќе зависи од тоа како ќе го “одигра“ преодниот рок. Потребни се 3-4 квалитетни засилувања за да Срле добие навистина супер тим за наши услови и тогаш се е можно. Значи сега на потег е спонзорот на Струга ТЛ.

Јасно е дека Шкендија и Шкупи нема така лесно да се предадат, ќе има тука уште многу, многу борба за титулата напролет.

Од друга страна А.Пандев, Брегалница и Македонија ЃП си тераат по старо, си губат, и си губат, и си…

Фрапантно, а сите три екипи пред стартот на сезоната важеа за фаворити за висок пласман, за битка за Европа, а “пандевци“ се во зоната на испаѓање. Македонија ЃП е во тешка криза а Брегалница и дефинитивно се откажа од некои поголеми амбиции. Фактот дека по заминувањето на Илчо и натаму тренер е Илиев се ни говори.

Штета, токму од Брегалница се очекуваше да се наметне сезонава, конечно да стане клуб кој ќе биде респектиран од сите, кој ќе може да ја „нападне“ Европа.

Со тие пари, со тој буџет секако од „сините“ се очекува многу повеќе.

ПретходноЛиваковиќ фати три пенали, Хрватска е во четвртфиналето на СП! (видео)
СледноЛабадија се врати на кормилото на Штутгарт