Марко Ѓорѓиевски не е веќе член на А. Пандев!

2556

Младиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски, инаку довчерашен младински репрезентативец на Македонија не е веќе член на А. Пандев. Како што дознаваме тој одлучил да го раскине договорот со прволигашот од Струмица и сега во зимскиот преоден рок со слободни документи да си побара нова средина. Интересно, Ѓорѓиевски не е веќе под договор и со српскиот клуб Вождовац како што тоа досега беше ако се знае дека робусниот шпиц пред три години направи трансфер од Борец во Вождовац.

Да потсетиме дека Ѓорѓиевски пред да дојде во А. Пандев беше во Шкупи и тоа како позајмен играч на Вождовац.

Но сега е слободен и може да оди во друг клуб без никакви обврски кон А. Пандев или Вождовац.

ПретходноГотово е: Роналдо од 1 јануари ќе игра за Ал Наср!
СледноВТОРА ЛИГА: Соколи и Вардар според планот!