Биелса ја презема репрезентацијата која важи за најголемо разочарување на Мундијалот

616

Уругвај важи за едно од најголемите разочарувања на Мундијалите, бидејќи селекцијата полна со големи ѕвезди го заврши натпреварувањето веќе во групната фаза.

Прво ремизираше без голови со Јужна Кореја, а потоа загуби со 0:2 од Португалија. Во третото коло Уругвај победи против Гана со 2:0, но тоа не беше доволно за да се пласира во осминафиналето.

Луис Суарез во солзи го заврши своето последно Светско првенство, а депресивни беа и сите други како Единсон Кавани, Федерико Валверде, Дарвин Нуњез…

По ова заврши времето на Диего Алонсо како селектор на Уругвај. Фудбалскиот сојуз на таа земја ќе ја започне потрагата по нов селектор во пресрет на квалификациите за СП 2023 година.

Се чини дека го најдоа и Марсело Биелса е близу до клупата на оваа репрезентација. Последната работа на Аргентинецот беше во Лидс Јунајтед, кој го презеде во јули 2018 година, кој тогаш беше во Чемпионшип, но две години подоцна го воведе во Премиер-лигата.

Тој го напушти тимот на крајот на февруари и оттогаш бара нова работа. Покрај Лидс, меѓу другите ги тренираше и Лил, Марсеј, Атлетик Билбао, Аргентина и Чиле.

И летово беше поврзуван со Атлетико, но на крајот не седна на клупата на шпанскиот тим кој претходно го тренираше.

Уругвај не успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство за прв пат по 2002 година, кога заврши со помалку бодови од Данска и Сенегал.

ПретходноСаутгејт за Стерлинг: Ја има нашата поддршка, понекогаш фудбалот не е најважна работа!
СледноКалин Ивановски со најдобар пласман во кариерата на АТП-листата