Фудбалскиот сојуз на Србија најверојатно ќе добие казна или ќе биде санкциониран и тоа поради настаните на мечот со Швајцарија. Имено како што денеска и официјално се произнесе ФИФА, покрената е постапка против Србија за недолично однесување на актерите на тој меч, но и поради дискриминација. ФСС е обвинет од страна на Дисциплинската комисија на ФИФА за прекршување на точките 12, 13 и 16.
Какви ќе бидат и дали ќе има казни допрва ќе се знае. Колку за потсетување селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси и не се прослави со својот однос на тој меч и не само тој.