Пикси во елемент: Да, загубивме, но не сме поразени!

244

По катастрофата на Србија на СП во Катар јавноста во таа земја навистина беше разочарана. Посебно ако се знае какви беа амбициите и најавите од страна, пред се, на селекторот Драган Стојковиќ Пикси кој денеска повеќе од еден час држеше “предавање“ пред новинарите на прес – конференција во Белград, едноставно беше во елемент.

Да немавме здравствени проблеми се ќе беше поинаку, сликата ќе беше поинаква. Постигнавме шест голови, па тоа е супер, а замислите да немавме проблеми. Играчите го дадоа својот максимум. Сепак во некои моменти ние им ги подарувавме тие победи на ривалите, како што беше против Камерун“ посочи тој.

Пикси според неговите зборови не верувал многу во неговите избраници.

Реално и да ја миневме групата не верувам дека нешто посебно ќе направивме во елиминациите. Не е се така црно, не би седел тука ако сум засрамен, ако се чувствувам безвредно. Да, ние загубивме, но не сме поразени. Ние одиме со дигнати глави, ова ќе биде добро искуство. Ако мечевите траеја 60-65 минути тогаш ќе бевме шампиони“истакна Стојковиќ.

Во продолжение од пресот тој кажа дека верува во Србија, верува во оваа селекција, дека треба да се остане позитивен.

ПретходноМилевски: Во март веројатно ќе играме пријателска со Мароко или Ф. Острови!
СледноБројани му се деновите на Секуловски во Пелистер!