Промовирана книгата “60 Години РК Пролет“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

125

Ракометниот клуб РК Тинекс Пролет денеска на пригодна свеченост ја промовираше книгата „60 Години РК Пролет’, по повод големиот јубилеј од постоењето на овој спортски колектив.

Книгата е со 60 страници, како симболика за 60-те години од постоењето на РК Пролет, клуб чии играчи низ годините потоа успевале да изградат успешни ракометни кариери, како ракометари, тренери, селектори, судии…

Воедно, РК Пролет ги избра „Дванаесетте Величествени“ како легенди кои го носеле или се уште го носат дресот на овој клуб. Од актуелните играчи, големото признание го доби долгогодишниот капитен Ласко Андоновски, покрај кого меѓу „Дванаесетте Величествени“ се најдоа уште и : Душко Јордановски – Дуле Чиче, Стефанчо Коруновски, Љупчо Гочевски – Шљак, Илија Темелковски, Никодин Кокаланов – Мец, Ристо Трпчевски – Буцо, Љуан Чаволи – Лули, Славе Атанасовски – Чаве, Владимир Миљовски – Брле, Мирослав Трајковски – Миро Шумски и Драган Здравковски – Ангор.

На свеченоста на која беше промовирана оваа книга присутни беа бројни ракометни имиња, како претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, Генералниот Секретар Филип Милошевски, потоа првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, како и селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски, потоа Ванчо Димовски, Горан Кузманоски, Индира и Зоран Кастратовиќ и уште бројни имиња од домашната ракометна јавност.

Како дел од свеченоста, своите обраќања имаа првите луѓе на клубот, претседателот Душко Кадиевски, директорот Сањо Огњеновски, како и спонзорот на РК Тинекс Пролет, Владимир Тодоровиќ, при што тројцата искажаа задоволство од сето она што е сработено во клубот во изминатите години, но и надеж за уште посветл иднина за РК Пролет.

ПретходноРајковиќ по најдобриот старт во историјата на ЦСКА Москва: Горд сум на моите играчи!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)