Рајковиќ по најдобриот старт во историјата на ЦСКА Москва: Горд сум на моите играчи!

197

Дури сега се гледа дека раководството на ЦСКА Москва не погрешило, напротив, кога го ангажираше нашиот стратег Емил Рајковиќ за шеф на струката на еден од најголемите кошаркарски клубови во Европа. Рајковиќ како тренер на екишата испиша историја. Имено ЦСКА Москва има 14 победи во исто толку натпревари во ВТБ лигата, ова е рекорден историски старт на „армејците“. А секако за тоа големи заслуги има нашиот стратег кој за клупскиот сајт истакна по победата над Уникс Казан на Нено Димитријевиќ:

Тоа беше вистинска битка. Натпреварот испадна многу тежок за двете екипи, но играчите им приредија на навивачите многу спектакуларни моменти, емоции, а исто така не разочараа во однос на посветеноста и квалитетот на играта. Видовте колку пати во текот на натпреварот мислевме дека исходот од средбата е веќе одреден, но УНИКС секој пат враќаше со прецизни тројки во решавачките моменти. Горд сум на моите играчи кои се покажаа посилни и опстанаа во ваква тешка атмосфера на гости против голем противник и го заслужија најдобриот старт во историјата на нашиот клуб од 14 победи во низа“ изјави Рајковиќ.

ПретходноБројани му се деновите на Секуловски во Пелистер!
СледноПромовирана книгата “60 Години РК Пролет“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)