Селекторота на Португалија, Фернандо Сантош рече дека не се потпира на мислењата на новинарите и јавноста при изборот на тимот. Деновиве португалскиот весник „А Бола“ спроведе анкета со прашеањ: „Дали Роналдо треба да го задржи своето место во стартниот тим Португалија? 70,5% од читателите одговориле со „не“, а само 29,5% со „да“.
„Извинете, но не сакам да преземам одговорност за мислењата на луѓето, Не читам, не гледам вести. Имам само три дена да се подготвам за натпреварот, не размислувам толку за тоа. Искрено, на теренот ќе го ставам најдоброто што го имам. Откако пристигнав овде, единствената мисла е да бидам корисен за Португалија и за репрезентацијата“, изјави селекторот на Португалија.