Саутгејт за Стерлинг: Ја има нашата поддршка, понекогаш фудбалот не е најважна работа!

308

Рахим Стерлинг ја напушти Доха и се врати во Лондон, причина за тоа е вооружена кражба во неговиот дом, според информациите внатре било и неговото семејство. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт веднаш го пуштил да се врати во Лондон, не ја откри причината, но потенцираше дека фудбалот не е најважна работа и дека фудбалерот ја има нивната поддршка.

„Најважно е што сега е со семејството. Ние го поддржуваме и ќе му дадеме онолку време колку што му треба. Не сакам да го ставам под притисок. Понекогаш фудбалот не е најважната работа, семејството треба да биде на прво место“, рече предвдникот на Англија.

Според информациите од домот на Стерлинг, крадците однеле се што им дошло при рака, кражбата била добро испланирана.

ПретходноМасовна тепачка меѓу фудбалери прекина пријателски меч
СледноБиелса ја презема репрезентацијата која важи за најголемо разочарување на Мундијалот