ФИФА ја одби жалбата на Франција за поништениот гол на Гризман

135

Жалбата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) за непризнатиот гол на Антоан Гризман во последните секунди од натпреварот од 3. коло од групата „Д“ против Тунис на Светското првенство во Катар е одбиена, соопшти Дисциплинската комисија на ФИФА.

Франција поднесе официјална жалба по поразот од Тунис со 0-1, тврдејќи дека судијата го поништил голот на Гризман откако означил крај на натпреварот. Голот на Гризман беше поништен откако судијата пресуди дека тој ја искористил својата офсајд позиција по нафрлувањето на Орелиен Чуамени, иако тунискиот дефанзивец се обиде со глава да го расчисти центаршутот пред Гризман да постигне гол.

Без разлика на овој пораз, Франција го освои првото место во групата, додека Тунис со оваа победа беше трет.

ПретходноКатарците го третираат како крал: Бекам спие во апартман вреден 23.000 евра од ноќ
СледноНејмар: По повредата плачев цела ноќ