Хрватската репрезентација е патник во четвртфиналето на Мундијалот во Катар откако на пенали ја елиминира селекцијата на Јапонија. По 90 минути беше 1:1, така остана и по 120 минути игра, а во пенал рулетот хрватскиот голман Ливаковиќ одбрани три пенали со што беше најзаслужен што неговиот тим отиде во следната фаза.
Јапонија и Хрватска одиграа 1:1 во регуларниот дел од осминафиналето на Светското првенство во Катар по што се отиде во продолженија.
Азиската селекција беше подобра во првото полувреме, Хрватите некако збунети и без идеја па од тука и резултатот е јасен. Јапонците имаа неколку добри шанси, а ја пробија хрватската одбрана во 43. минута кога напаѓачот на Селтик, Маеда го „реши“ Ливаковиќ на голот на Хрватска.
Сепак, хрватските фудбалери возвратија.
Иван Перишиќ во 55. минута успеа да ја смести топката во мрежата на Јапонија.
Три минити подоцна Ендо имаше убава можност со шут од далечина кој Ливаковиќ го одбрани. Седум минути подоцна Лука Модриќ можеше да постигна ефектен гол, но голманот ја исфрли во корнер. Понатаму двете екипи некако се повлекоа, веројатно во страв да не погрешат, па повеќе се играше на средината на теренот и на чести прекршоци.
Мечот заврши без победник, па се отиде во продолженија во кои немаше погодок. Следуваа пенали.
Ливаковиќ ги фати првите два пенали на Минамино и на Митома, а на спротивната страна погодија Влашиќ и Брозовиќ. Надеж даде голот на Асано и промашувањето на Ливаја, меѓутоа во четвртата серија Ливаковиќ му одбрани пенал на Јошида. Точка стави Пашалиќ за конечни 3:1 по пеналите.
Japan [1] – 0 Croatia – Daizen Maeda 43′
Dec 05, 2022
Japan 1 – [1] Croatia – Ivan Perisic 55′
Dec 05, 2022